1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан- Бундесвер-дебата

Четворицата германски војници повредени при нападот во авганистанскиот град Кундус се вратија во Германија . Тие се сместени во воената болница во градот Кобленц. Во самоубиствениот напад во северно-авганистанскиот град во саботата загинаа тројца војници на Бундесверот и шест цивили. Во Германија пак се засилува дебатата околу целокупната стратегија во Авганистан. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер предупреди на опасноста од расправата за ставање крај на ангажманот на германските војници во Авганистан.