1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – борби

*

Авганистанските сили за безбедност со поддршка на силите на коалицијата успеале да убијат повеќе од 40 талибански бунтовници во покраината Кандахар. Битката што траела повеќе од 12 часа почнала со напад од заседа на бунтовниците, на кои им дошло и засилување од 150 борци. Силите на коалицијата одговориле со воздушни напади, при што била разбиена борбената формација. Талибанците денеска соопштија дека во борбите успеале да урнат еден американски хеликоптер и да ја ликвидираат посадата.