1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Авганистан – биланс на атентат

*

Авганистанските власти накнадно го ревидираа билансот на до сега најтешкиот терористички напад во земјата. Во самоубиствениот напад во вторникот во местото Пул-и-Чумри во северната покраина Баглан животот го загубиле 75 лица, од кои 59 деца. Сите тие дошле во ново изградена фабрика за шеќер, каде требало да ги поздрават пратениците од авганистанскиот парламент, кои требало свечено да го посетат погонот. Владата во Кабул по тешкиот инцидент им забрани на училиштата да испраќаат деца на слични настани.