1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Авганистан бара поддршка од партнерите

Во пресрет на конференцијата за Авганистан во Бон, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и неговиот советник Рангин Дадфар Спанта се заложија за натамошна поддршка за нивната земја.

default

Претседателот Хамид Карзаи

Пред почетокот на конференцијата за Авганистан во Бон, претседателот Хамид Карзаи ја повика меѓународната заедница да и пружи финансика помош на неговата земја најмалку до 2024 година. На Авганистан му се потребни пари пред се’ за натамошна надградба на армијата, полицијата и државните институции, изјави Карзаи. Според него, Авганистан по повлекувањето на меѓународните трупи во 2014 година повеќе од кога било досега ќе застане на фронтот во борбата против тероризмот. Соседот Пакистан, Карзаи го обвини за недоволна поддршка во преговорите со талибанците.

Rangin Dadfar Spanta Sicherheitsberater des afghanischen Präsidenten Karsai

Советникот за безбедност на претседателот Карзаи, Рангин Дадфар Спанта

Советникот за безбедност на претседателот Карзаи, Рангин Дадфар Спанта конференцијата за Авганистан ја оцени како почеток на нова фаза во соработката. На крајот на оваа етапа ќе се согледа „целосна сувереност“ на Авганистан, изјави Спанта во интервју за Дојче веле.

Утре (05.12) во Бон 85 држави и 16 меѓународни организации ќе дебатираат за иднината на Авганистан. Нацрт предлогот за завршната декларација на конференцијата веќе е подготвен, меѓутоа во него не се планирани конкретни ветувања за финансиска помош. Пакистан ќе ја бојкотира конференцијата во Бон, поради неодамнешниот напад на НАТО врз пункт на армијата, кога животот го загубија 24 војници.

Автор: АТ/ СН/ дв

Редактор: Симе Недевски