1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Авангардата е од женски род

Изложбата „Другата страна на месечината“ на еден многу интересен и за многумина непознат начин, ја претставува една од најважните епохи на историјата на европската уметност. Во центарот на вниманието е женската уметност.

default

„Другата страна на месечината“

Таа се вика Клод Кахун и била една од највпечатливите, авангардни уметнички на нејзиното време. Како писател и филозоф била чест гостин во париските салони на 20-те години на минатиот век. Фактот што Клод се занимавала и со фотографирање во тоа време бил спореден. Денес, нејзините автопортрети што настанале во тоа време, се сметаат за најважно и најрадикално претставување на женскиот идентитет во раниот надреализам. На автопортретите може да се видат ќелави глави, глави со долга коса, се менуваат женствени костуми од приказните со пози во машки стил, но сепак го оставаат отворено прашањето дали се работи за жена или маж?

Но, која била Клод Кахун? Таа е родена во 1894 година во францускиот град Нот и потекнува од добро ситуирано еврејско семејство. Многу рано се запознала со светот на литературата и театарот, а набрзо отворила и сопствен уметнички салон во Париз.

Како настанало друштвото на уметнички?

Ausstellung Die andere Seite des Mondes

Портрет на Клод Кахун

Тука се сретнала со Германи Дулак. Таа уште во 20-те години важела за најдобар надреалистички уметник. Во 1928 година го режирала и првиот надреалистички филм. Подоцна во нивното друштво се приклучила и Дора Мар, која стекна голема слава како сликарка и авторка на социјално критички фотографии на деца од улица и бездомници. Таа му била партнерка и муза на Пабло Пикасо. Мрежата на уметнички врски и пријателства била толку раширена што ги поминала и границите на Париз. Патувањата станале многу популарни во тоа време. Се негувале контактите со другите, се разменувале мислења. Во цела Европа, од Берлин, Париз, Цирих, па се’ до Амстердам, Варшава и Москва се создавале уметнички мрежи. Од Германија на оваа мрежа и се приклучила графичарката и мајсторката на колажи Хана Хех, а пак, од Швајцарија Софи Тојбер Арп. Контактите полека се ширеле и во Источна Европа. Дизајнерката Сониа Делаунај, чии луксузни материјали подоцна станале познати во светот и полската сликарка Катаржина Кобро биле дел од таа мрежа, чие седиште се наоѓало во Париз.

Во Париз се родиле трите најважни правци во уметноста

Deutschland Ausstellung Die andere Seite des Mondes in Düsseldorf

Изложбените простории во Диселдорф

Во метрополата на реката Сена се сретнале трите најважни правци во уметноста во тоа време: на надреализмот на Французинките, чија главна тема е несвесното, се надоврза исклучително радикалната форма на уметноста- дадаизмот. Случајното и несмисленото биле главна тема на оваа форма. Во исто време во Источна Европа уметничките работеле на една нова форма, наречена конструктивизам. Станува збор за геометриски фигури со нов и строг стил. И покрај признанието од општеството на уметничките им било тешко да ја промовираат нивната уметност.

Сузане Мајер Бусе ги собра сите овие уметнички дела во Диселдорф на изложбата „Другата страна на месечината“. Таа има практично објаснување за тоа што уметноста не наишла на интерес кај тогашните директори на музеите: „Се работело за мал формат на слики, и поради тоа не можеле да бидат изложени во големи и раскошни рамки во некој од тогашните музеи.“ И на изложбата во Диселдорф нема големи формати. Мали слики, портрети, марионети, уметнички уредени парчиња облека се презентираат во малите и интимни кабинети. Ништо не делува блескаво или наметливо. На ѕидовите има придушени бои, отворените оптички дијагонли помагаат да се забележи врската меѓу поединечните уметнички. Многу често се појавуваат мотиви како што се огледало, раце, школки и маски.

Мали и интимни формати

Ausstellung Die andere Seite des Mondes

Колаж на Хана Хех

Уметничките дела на сликарките се, вели кустосот на изложбата, многу блиски до применетата уметност, а тоа пак, го објаснува фактот дека жените, барем во Германија, до 1919 година не можеле да студираат на нормалните академии, туку посетувале училишта за уметност. Тоа ги натерало жените да користат широк спектар од медиумите и метеријали за своите дела. На изложбата „Другата страна на месечината“ можат да се видат 230 експонати, графики, везови, марионети, ткаења, фотографии и филмот „Ѕвонење“ на уметничката Германија Дулак.

Автор: Гудрун Штеген/ Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска