1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

АБН Амро – преземање

Битката за преземање на големата холандска банка АБН Амро влезе во нова рунда. Група од три банки на чело со Ројал банк оф Скотланд, достави нов понуда за купување во вкупен волумен од 72 милијради евра, односно за 13 проценти повеќе од британската Баркли банка. Конзорциумот од три банки има намера да ја подели холандската банка меѓу себе. Во случај на преземање од страна на Баркли, Амро би останала цела. Акционерите на холандската банка за понудата на Баркли треба да решаваат на утрешното собрание.