1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абдула Ѓул – Скопје

Не е прашање дали, туку кога ќе станеме членка на ЕУ – изјави денеска шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски. Ова е негова реакција на неповолните изјави околу македонското членство во Унијата што неодамна се слушнаа во Брисел и Берлин. Изјавата на Милошоски дојде по средбата со неговиот турски колега по функција Абдула Ѓул во Скопје, кој со највисокото државно раководство на Македонија разговара за можностите за унапредување на билатералната соработка. На дневниот ред се и ситуацијата на Балканот, на Блискиот Исток, како и во Ирак и во Авганистан. Ѓул го придружува и стопанска делегација со претставници од 16 турски компании.