1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абдула Ѓул се поверојатно иден турски претседател

*

Изборот на нов турски претседател денеска влегува во третата и решавачка рунда. За да биде избран претседателот овојпат му е доволно апсолутно мнозинство во парламентот. Поради тоа е се поизвесно дека претставникот на владеачката партија, АКП, министерот за надворешни Абудла Ѓул ќе биде идниот шеф на државата. Седницата за избор е во тек, а АКП има мнозинство во парламентот. Се стравува дека поради исламиско минато Ѓул би можел постепено да ја исламизира Турција. Турската армија денеска предупреди дека ќе биде спречен секој обид за одвојување на религијата од државата.