1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абдула Ѓул се кандидира за претседател на Турција

*

Турскиот министер за надворешни работи Абдула Ѓул и покрај критиките од армијата , повторно ја објави кандидатурата за претседател на земјата . На пресконференција тој денеска истакна дека ја има подршката од владејачка конзервативна партија, АКП, на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Ѓул истовремено најави дека ќе води разговори со останатите парламентарни партии во земјата да ја подржат неговата кандидатура за претседател за време на изборот што треба да се одржи во турското Собрание на 20 август.

Првата номинација на Ѓул, во мај, предизвика жестоки протести во Турција, пред се заради неговите ставови против секуларноста на државата. Протестите предизвикаа предвремени избори.