1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Абас со нов маневар за поголеми отстапки

Палестинскиот претседател Махмуд Абас по вторпат за еден месец најави дека ќе се повлече од функцијата. Ваквиот чекор се смета за обид на Абас да ги натера САД да извршат поголем притисок врз Израел за мировен договор.

default

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави дека нема да се кандидира за уште еден мандат

Палестинскиот претседател Махмуд Абас објави синоќа дека не планира да се кандидира за претстојните претседателски избори на 24 јануари, поради блокадата на мировниот процес со Израел. Тоа не е првпат Абас да се заканува дека ќе се повлече од власта и не е јасно дали неговата одлука е конечна. Претставници на Фатах изјавија дека во моментот нема друг кандидат кој би можел да го замени Абас, но одредени тамошни аналитичари проценуваат дека тој и овојпат би можел да ја смени својата одлука.

Вашингтон објави дека го смета Махмуд Абас за свој верен сојузник, но одби да ги коментира плановите да не учествува на претседателските избори. Државниот секретар на САД Хилари Клинтон изрази подготвеност да работи со Махмуд Абас „независно од неговата идна функција“. Кон крајот на минатиот месец Абас и‘ соопшти на Клинтон дека нема да се кандидира, но ја промени одлуката, откако претседателот Барак Обама му се обрати и го увери во одлучноста да се постигне мир на Блискиот Исток.

Treffen zwischen Hillary Clinton und Mahmoud Abbas

Хилари Клинтон се сретна со Абас на 31 октомври годинава

Овојпат, Абас во говорот кој беше пренесуван на телевизија, соопшти дека е незадоволен од пресвртот во политиката на САД кон Блискиот Исток, и особено поради одбивањето на Вашингтон да го принуди Израел да ја запре изградбата на привремените населби на окупираниот Западен брег. Абас изјави дека на „своите браќа“ од палестинското раководство им ја соопштил желбата да не учествува на претстојните избори.

Аналитичарот Џорџ Џакман од институтот за демократски студии во Рамала на Западниот брег за агенцијата АФП оцени дека Абас ги исполнил сите обврски кон меѓународната заедница, а за возврат не добил ништо, на овој начин сака да го зголеми притисокот врз САД.

Независно од одлуката на Абас постои веројатност во јануари воопшто да не се одржат избори во палестинската автономија, бидејќи Појасот Газа се наоѓа под контрола на опозициското движење Хамас. Израел засега не ја коментираше одлуката на Абас, но се проценува дека Тел Авив е заинтересиран тој да остане на функцијата.

Автор:БГ/ЖА/афп

Редактор: Александра Трајковска