Абас со декрет го измени изборниот закон | Вести | DW | 03.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абас со декрет го измени изборниот закон

*

Палестинскиот претседателот Махмуд Абас со декрет го измени изборниот закон. Според документот, сите кандидати на наредните парламентарни избори мораат да го прифатат статутот на неговото движење ПЛО, кој му го признава правото на постоење на Израел. Овој потег на Претседателот се толкува како обид да им се отежне учеството на изборите на припадниците на радикалното палестинско движење Хамас, кое одбива да го признае Израел. Официјални претставници на Хамас веднаш го прогласија декретот на Абас за нелегален.