1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Абас повика на референдум

И покрај израелското насилство против Палестинците изминативе денови, палестинскиот претседател Махмуд Абас останува на својот курс: Претседателот на автономните области во Рамала ги повика граѓаните со право на глас на 26 јули да излезат на референдум. Владата на Хамас го критикуваше референдумот како безправен и најави правни проверка против планот на Абас

Махмуд Абас

Махмуд Абас

„Одмазда, одмазда“ извикуваа некои граѓани, други пак бараа: „Уништете го Израел, уништете ја Америка.“ Илјадници луѓе им оддадоа почит на последните седум загинати Палестинци во израелскиот напад. А израелскиот министер за одбрана Амир Перец му изрази длабоко сочувство на палестинскиот претседател Махмуд Абас: ќе се стори се’за во иднина да се избегнат вакви убиства, рече тој. Армијата се извини уште во петокот вечерта. Сепак Перец смета оти не смее да се изостави и фактот дека главни одговорни за ситуацијата во појасот Газа се оние кои постојано оттаму стрелаат ракети во правец на Израел. Сличен став изнесе и Марк Регев, портпарол на министерството за надворешни работи „Нашиот непријател не е палестинскиот народ. Преземаме се’ за да спречиме, жртви да бидат цивили. Она што се обидуваме е да ги запреме терористите да стрелаат ракети во нашите општини. Се обидуваме да го сопреме огнот со ракети од Газа кон Израел.“

Палестинскиот претседател Абас зборуваше за крвав масакр и од светот побара помош, за што разговараше и со америакнската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и шефот на европската дипломатија Хавиер Солана.

Палестинскиот претседател сепак се придржува и до неговиот план за оддржување референдум и го утврди 26 јули како официјален датум за оддржување референдум. Притоа треба да се гласа за формирање на државата Палестина во областите што Израел од 1967 годиниа ги држи под окупација. Ова инидректно би значело и признавање на државата Израел.

Владата на Хамас го одбива референдумот. Премиерот Исмаил Ханија уште пред објавата на претседателот Абас ги повика Палестинците на бојкот. И Израел е против референдум, премиерот Ехуд Олмерт смета дека тој нема да придонесе за дијалогот.

Во меѓувреме военото крило на Хамас објави прекин на примирјето постигнато пред 16 месеци, и вчера претпладне според сопствени извори испука дузина ракети во правец на Израел. При тоа не се претрпени никакви штети.