1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Абас му понуди мир на Израел

Новиот палестински претседател повика на продолжување на разговорите засновани на меѓународно продржаната мапа за мир на Блискиот Исток

default

Палестинците се подготвени за мир со Израел , порача Махмуд Абас, лидерот на најголемото палестинско политичко движење Фатах откако стана очигледна неговата голема победа на претседателските избори на палестинските автономни територии.

“Ги пружаме нашите раце кон нашиот сосед . Подготвени сме за мир, мир заснован на правдата . Се надеваме дека нивниот одговор ќе биде позитивен ”-истакна Абас .

Тој потенцираше дека се залага за продолжување на преговорите врз основа на мировната мапа за Блискиот Исток .

Абас кој е познат како Абу Мазен , освои 62,3 насто гласови на неделните избори , кои беа организирани по смртта на долгогодишниот палестински претседател јасер Арафат во ноември минатата година .

"Најнапред сакам да му честитам на господинот Абу Мазен . Се радувам на разговор со него во соодветно време и ќе го поканам тука во Вашингтон , доколку тој одлучи да дојде. Тој беше избран со голема подршка во гласови . Јас сум трогнат од овие избори”-истакна американскиот претседател Џорџ Буш,кој недвојбено задоволен ја дочека победата на Абас. Тој за време на обраќањето до новинарите му порача на Израел дека е дојдено вистинското време да тргне кон остварување на сопствените обврски во рамките на мапата за мир со Палестинците.

" Јас мислам дека ќе биде многу важно за Израел сега да ги исполни своите обврски околу повлекувањето од териториите од кои вети дека ќе се повлече. Од суштинска важност е Израел да ја задржи визијата за две држави кои во мир живеат една покрај друга, и да го подржи развојот на палестинските институции , кој треба што поскоро да започне”-истакна Буш.

Во реакцијата на исходот од палестинските избори ,пак германскиот канцелар Герхард Шредер изјави дека Германија заедно со земјите партнери од ЕУ , ќе го подржи Махмуд Абас на патот кон создавање на независна и демократска палестинска држава.

Новиот палестински претседател дефинитивно доби силна меѓународна подршка а кон него со симпатии гледаат и Израелците , бидејќи Абу Мазен ветува добри шанси за живот во мир на Блискиот Исток. Но најмногу очекувања од својот нов лидер имаат Палестинците. Тие меѓутоа не очекуваат чуда- вели Саеб Ерекат , главниот палестински преговарач:

“ Јас не мислам дека тие очекуваат оти тој ќе стори некое чудо или пак дека има магично стапче. Но она што Палестинците навистина го сакаат е почеток на промени кон доверливост , транспарентност , реформи , градење на институциите , мир и работни места. И тие ќе ја вреднуваат неговата работа во првите 100 дена од мандатот” – порача Ерекат.