1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Абас и Шарон објавија примирје

На израелско-палестинската средба на врвот во Шарм ел Шеик постигнат првиот успех: на самитот со израелскиот премиер Ариел Шарон, палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави:“Се согласивме со премиерот да ги запреме сите насилства против Израелците и против Палестинците каде и да се наоѓаат“.

Абас и Шарон на самитот во Шарм ел Шеик

Абас и Шарон на самитот во Шарм ел Шеик

Самитот во египетското одморалиште Шарм ел Шеик е првиот од почетокот на немирите пред 4 години. Покрај Шарон и Абас, присутни се и египетскиот претседател Хосни Мубарак како домаќин и јорданскиот крал Абдулах Втори.

Израел и Палестинците денеска на блискоисточниот самит договорија примирје. Тоа го објавија израелскиот премиер Ариел Шарон и палестинскиот претседател Махмуд Абас во египетскиот приморски град Шарм ел Шеик:

"Се договоривме со премиерот за запирање на сите насилства. Ова е почеток на нова ера“ изјави претседател Абас по објавувањето на примирјето. По самитот, Шарон изјави дека Израел ќе ги запре воените активности против Палестинците. Тој изрази надеж дека Абас ќе ги води Палестинците до независна држава. “Да си попдадеме раце и да воспоставиме нова клима во регионот“, изјави Шарон, предупредувајќи на тоа дека екстремистите би можеле со насилство да ја уништат новата надеж. Абас вети мирна соработка на обете страни, а основа мора да биде меѓународниот мировен план. Според израелски извори, Шарон го поканил Абас во посета на југот на Израел, што било прифатено. Шарон уште најави ослободување на “стотици“ палестински затвореници, но нивниот број и натаму е спорно прашање меѓу двете страни.

И египетскиот претседател Хосни Мубарак ги повика Израел и Палестинците да се вратат на преговарачката маса. Мубарак изјави дека станува збор за нов позитивен дух на обете страни. Тој гледа решеност на обете страни и серизона волја за напредок. Мубарак побара брзо спроведување на меѓународниот мировен план. “Задачата е многу голема, но надежите се поголеми, а денеска го направивме првиот чекор“, изјави Мубарак.