1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абас донесе нови одлуки за да се изгласа владата

*

Палестинскиот претседател Махмуд Абас донесе дополнителни одлуки за да се надминат уставните ограничувања и да ја состави новата влада без за неа да се гласа во Парламентот. Со ова се отвора патот денеска да стапи на сила кризната палестинска влада именувана од Абас во која нема членови на радикалниот Хамас. Тие пак не го прифаќа новиот кабинет. Досегашниот премиер Ханија назначи нов шеф на безбедносните сили во Газа која од петокот е под контрола на Хамас. Од друга страна палестинскиот претседател Абас доби поддршка од Блискоисточниот квартет и Израел, кој најави дека новата влада отвора можност за продолжување на мировните преговори. Во меѓувреме насилствата меѓу Хамас и Фатах продолжуваат. Само во последниве 24 часа, загинаа четири лица, а над 10 се ранети.