1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Абас доби подршка од Путин

*

За Русија , претседателот Махмуд Абас е легитимен претставник на Палестинците , порачал рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба во Москва со палестинскиот претседател. Руската новинска агенција Итар-Тасс , информира дека Путин уште изразил надеж дека Абас ќе стори се што е неопходно со цел повторно да се воспостави единство меѓу Палестинците. Абас пак истакнал дека и покрај преземањето на власта во појасот на Газа од страна на радикално-исламистичката група Хамас, тој сеуште се чуствува одговорен за сите Палестинци. Тој ги повика притоа пријателските земји да обезбедат хуманитарна помош за да спречат натамошно влошување на состојбата на луѓето.