1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Абас во Москва

Русија продолжува со двојна игра во внатрепалестинската борба за превласт: му вети подршка на претседателот на Палестинците Махмуд Абас, но по него во Москва треба да дојде и водачот на Хамас Калед Машал.

default

Претседателот на Палестинците Махмуд Абас

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го прими Махмуд Абас љубезно, но без преголема срдечност. Како член и на Блискоисточниот квартет, Лавров го уверуваше гостинот дека е најважен соговорник на палестинска страна: “Ве подржуваме во цврсто уверување дека сте легитимен претставник на сите Палестинци. Ги подржуваме сите ваши чекори што ги преземате за повторно воспоставување стабилност и единство на палестинскиот народ, како и за продолжение на мировниот процес”.

Палестинците се далеку од единство – зборот на Абас се слуша само во Западниот брег на Јордан, додека во појасот на Газа владее Хамас. Абас се обиде да ја придобие Русија на своја страна: “Има многу работи за кои треба да разговараме. Тука е проблемот за тешката состојба на Палестина, проблемот на палестинското единство, блискоисточниот мировен процес, мировната конференција. За такви прашања вредеше да се состанеме и да разговараме”.

Но, многу од овие нешта се базираат врз иницијативи од Западот. Русија пак генерално води курс на значителна дистанца од Западот и нема да и’ биде лесно да ги надмине разликите меѓу Абас и Калед Машал, водач на ривалското движење Хамас, чие доаѓање се навестува во Москва, како и меѓу Израел и Сирија.

Хорст Клојзер