1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Абаз на турнеја по Европа

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз од утре заминува на турнеја по европските земји, во рамките на која ќе ги посети велика Брианија, германија и Франција.

Претесдателот на Палестинците Махмуд Абас со Кондолиза Рајс

Претесдателот на Палестинците Махмуд Абас со Кондолиза Рајс

Цел на посетата е да се побара помош за новата палестинска влада на национално единство и укинување на ембаргото на финансиска помош. Абас ќе разговара со Европејците и за напредокот во мировниот процес по вчерашниот троен состанок со израелскиот премиер Ехуд Олмерт и американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс.

Од тројната средба во Ерусалим не произлезе ништо повеќе од повторената заложба за решението на Блиско источниот квартер за две независни држави на Израелците и Палестинците.

„Сите три страни повторно се изјаснија за решението за две држави, како и за тоа дека палестинска држава не може да се создаде со насилство и тероризам„ – порача по средбата американската посредничка Кондолиза Рајс. Таа уште најави:

„Палестинскиот претседател и израелскиот премиер наскоро повторно ќе се сретнат. Тие повторно побараа американско посредување за да се надминат пречките и да се добие регионална и меѓународна поддршка на патот кон мир.„

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт порача дека нема да го прекине контактот со палестинскиот претседател Махмуд Абаз, бидејќи тоа е за него и единствениот партнер за разговори од палестинска страна. За бојкотот кон владеачкиот Хамаз и за создавањето влада на национален спас на Палестинците меѓу Хамаз и движењето на Абас, Фатах, стана збор и на тројната средба во Ерусалим. САД и другите членки на Блискио источниот квартет бараат од палестинската влада да го признае правото на постоење на Израел и да се откаже од примената на насилство. Радикалниот Хамаз меѓутоа и понатаму одбива да го исполни ваквото барање на меѓународната заедница. Претседателот Абаз ги прифаќа барањата, но не сака да се откаже од владината коалиција со Хамаз, зошто во спротивно се заканува граѓанска војна меѓу Палестинците.