1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Фотографија на денот: Чистачот Свингобот

ЕМФ
11 јуни 2018

Запознајте го „Таски Свингобот 2000“, роботот чистач кој сега е на пробна работа во подземната железница во Хамбург.

https://p.dw.com/p/2zFlN
Deutschland BdT Autonomer Reinigungsroboter der Hochbahn
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Reinhardt

Свингобот чисти со брзина од два километри на час, висок е 1,30 метри, тежок 470 килограми и „ангажиран“ е на аеродромите. Доколку се покаже добро, договорот за работа ќе му биде продолжен на повеќе години. Ангажманот на Свингобот е неопходен зашто има сѐ помалку заинтересирани кандидати за вработување во браншата на одржување хигиена. Единствената мана му е што чини отприлика колку што изнесуваат две годишни плати на негов колега човек.