1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Хеловин во Зоолошка градина

ЕМФ
31 октомври 2018

Околу Хеловин духовите се поделени - едни го слават, други велат дека е „без врска“. Лемурот на #ФотографијаНаДенот е фан на празникот.

https://p.dw.com/p/37Pvz
BdT Halloween im Zoo
Фотографија: picture alliance/dpa/P. Steffen

Хеловин е еден од најомилените празници во САД, а за значењето што тој го има за американските деца, весникот„Луисвил Куриер Журнал“ напиша: „Купот слатки за едно шестгодишно дете е еднаков по значење како и БМВ М3 за  еден 40-годишник“. На вкусните работи за Хеловин им се радува и лемурот на нашата #ФотографијаНаДенот. Издлабената тиква во неговиот кафез во Зоолошката градина во Хановер е полна со храна која му лежи особено на срце. Нема сомневање дека тој е фан на Хеловин.