1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сезоната на смогот во Пекинг зема замав

СН/ агенции
29 ноември 2018

Ништо освен сиво небо. Кинескиот главен град, секоја зима се гуши во смог. Само месецов властите издадоа две предупредувања за високо загадување на воздухот во Пекинг.

https://p.dw.com/p/394dl
BdTD China Smog in Peking
Фотографија: Reuters/J. Lee

Последниот аларм беше во понеделникот (26.11.), кога е направена и оваа #ФотографијаНаДенот. Смогот беше исклучително густ а  квалитетот на воздухот најлош во последните 18 месеци. Имено концентрацијата на суспендирани честички ПМ 2,5 кои важат за најопасни по здравјето микрочестички се искачи на 328. Тоа е за 15 пати повеќе од најгорната вредност препорачана од Светската здравствена организација. Сезоната на маските во милионската метропола значи зема замав.