Отворена сезоната на колбаси на скара
16 март 2018Реклама
Најпрочуен меѓу нив е тириншкиот колбас. Деновиве во Ерфурт, главниот град на покраината Тирингија официјално беше отворена сезоната на печените тириншки колбаси. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена токму на денот на отворањето, кога на стотици скари во градот се чадеа оригиналните тириншки колбаси, кои традиционално се јадат во лепче со сенф.