Автомобили и мобилност
Олдтајмер - двојка
10 август 2018Реклама
Колекционерот на стари автомобили Фолкер Ширш од Вангерланд, Долна Саксонија, на оваа #ФотографијаНаДенот гордо позира во своето Порше 911 Спидстар од 1985. година, на кое е прикачена исто така олдтајмер приколка во иста сребрена боја како и автомобилот, Химер Ериба Пак од 1975. година. Спортскиот автомобил е едно од ретките возила со оригинален приклучок за приколка од Порше. Добро очувани вакви модели со помала километража чинат и до 200.000 евра.