1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Фотографија на денот: Најдолгиот висечки мост

9 август 2017

За да чекорите по него навистина не смеете да страдате од вртоглавица - на нашата #ФотографијаНаДенот го гледате новоотворениот мост „Европа“ во Цермат, Швајцарија.

https://p.dw.com/p/2hucN
Schweiz Europabrücke
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Keystone/V. Flauraud

Долг е речиси 500 метри, а по него се оди на височина од 85 метри. Според туристичките работници од Цермат, ова е најдолгиот висечки мост во светот. Во бездната под мостот се гледа преку решетките по кои се гази. Мостот, како што се тврди, има особено добар систем на амортизирање, па речиси и не се ниша. Носечките сајли се тешки осум тони.