1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Минијатурни канцелари

ЕМФ
14 септември 2017

Во „Little Big City“, во Берлин, се изложени минијатурните фигури на германските канцелари.

https://p.dw.com/p/2jtKm
Wahl des Lieblingskanzlers bei "Little BIG City"
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Peders

Кој е вашиот омилен канцелар? Оваа и наредната недела посетителите на Берлин можат да гласаат за својот омилен претседател на влада. На избор стојат поранешните канцелари Конрад Аденауер, Лудвиг Ерхард, Курт Георг Кизингер, Вили Брант, Хелмут Шмит, Хелмут Кол, Герхард Шредер, актуелната канцеларка Ангела Меркел и кандидатот за канцелар Мартин Шулц. Минијатурните фигури на канцеларите прикажани на нашата #ФотографијаНаДенот се изложени во берлинската атракција „Little Big City“, каде се прикажани сцени од историјата на Берлин, од 13. век до денес. На површина од 900 квадратни метри може да се видат историски објекти, личности и настани. Фигурите се направени во формат 1:24.