1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Лично набрани јагоди

ЕМФ
26 мај 2018

Почна сезоната на јагоди израснати на отворено! На германските полиња се веќе распрскани оние кои сакаат лично да ги наберат јагодите што ќе ги платат, како оваа жена со кошничка в рака.

https://p.dw.com/p/2yKag
BdT mit Deutschlandbezug - Start der Saison für heimische Freiland-Erdbeeren in NRW
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Kirchner

Во Германија околу 20 илјади тони јагоди годишно се добиваат од градини под фолија, додека 115 илјади тони раснат на отворено. Минатата година, Германците изеле 230 илјади тони јагоди, односно секој Германец просечно изел по речиси 3 килограми јагоди. Притоа фановите на јагоди плаќале во просек по 4,39 евра за килограм.