Катастрофи
Фотографија на денот: Лебеди на променада
6 јануари 2018Реклама
Повеќе реки во Германија надојдоа по обилните дождови со кои минатава недела беше проследна бурата Елеонор/Бурглинд, која беснееше во Европа. Водостојот на реките Рајна, Мозел, Дунав и Некар на викендов натамошно ќе се качува, а на одредени делници речниот сообраќај е прекинат. Реките на повеќе места се излеани од речните корита, поплавени се повеќе крајбрежни објекти. На #ФотографијаНаДенот: лебеди пливаат по поплавеното шеталиште покрај Рајна во Лојтесдорф, покраината Рајнланд Пфалц.