1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кучешки денови

ЕМФ
21 јули 2017

Знаете ли што се Кучешки денови? Тоа е периодот на убаво и топло време од 23 јули до 23 август. Името го добил по соѕвездието Големо куче (Canis Major).

https://p.dw.com/p/2gv1O
Die Hundstage
Фотографија: picture-alliance/picturedesk.com/H. Ringhofer

Откако за нас на небото ќе стане видлива првата ѕвезда од соѕвездието, сѐ додека не стане видливо целото соѕвездие Големо куче (Canis Major), минува еден месец. Светлата главна ѕвезда Сириус во текот на овој период изгрева и заоѓа со Сонцето.

Денес Кучешките денови во Германија се поврзани со горештините. Според народните верувања, ако времето во текот на Кучешките денови е убаво, следува студена зима, а доколку времето е лошо, тоа со себе ќе донесе лоша жетва.

Нашата Фотографија на денот доаѓа од агенцијата ДПА, а посебен опис веројатно не ѝ е потребен.