1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Фотографија на денот: Карл Маркс во Хамбург

9 септември 2017

Во Музејот на трудот во Хамбург е во тек специјална изложба посветена на „Капитал“, најважното дело на германскиот економист и филозоф Карл Маркс, издадено во Хамбург во 1867. година.

https://p.dw.com/p/2jbA5
BdT - Ausstellung "Das Kapital" in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Wendt

На оваа #ФотографијаНаДенот гледате балон-биста на Карл Маркс, поставена пред Музејот на трудот во Хамбург. Во него оваа недела е отворена специјална изложба посветена на историјата на критиката на капитализмот на германскиот економист и филозоф, Карл Маркс и нејзината актуелност. Книгата „Капитал“ е издадена во Хамбург во 1867. година и оттаму го почна својот идеолошки поход во светот, станувајќи една од највлијателните во историјата.