„Златен“ октомври
13 октомври 2018Реклама
Доцното топло време викендов се очекува да резултира температурни рекорди до 29 степени Целзиусови, што според Германската метеоролошка служба би била највисока вредност измерена на 13. октомври од почетокот на бележењето на временските прилики во земјата. Најтопло на овој ден било во 2001. година во Рајнланд Пфалц, во Дојзелбах- 27,8 степени. Апсолутниот рекорд во октомври инаку изнесува 30,9 степени, измерени на 7. октомври 2009. година во Милхајм. На нашата #ФотографијаНаДенот - една жена на нишалка ужива во топлите зраци на октомвриското сонце и планинската панорама во Берхтесгаден, Баварија.