Фотографија на денот: Збогување од цуцлата
19 октомври 2017Реклама
Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во Франкфурт на Мајна, на едно излетничко место на ридот Лорберг. За да го олеснат често пророблематичното разделување на малите деца од цуцлите, некои родители во Германија нив ги обесуваат на т.н. „цуцлино дрво“, обично некаде во природа, до кое по потреба може секогаш да се прошета. Обичајот инаку потекнува од Данска.