Техника
Фотографија на денот: Дојче пост тестира роботи-поштари
9 октомври 2017Реклама
Дојче пост претстави робот-придружник, кој треба да ги растовари поштарите при дистрибуцијата на поштенски пратки. „PostBOT“ е на четири тркала и од минатата недела е ангажиран најпрво во тест фаза во Бад Херсфелд во покраината Хесен. Роботот на електронски погон го следи поштарот, ориентирајќи се кон неговите нозе со помош на сензори и може да носи пратки со тежина до 150 килограми. Претставник од Дојче пост тврди дека со воведувањето на роботот не се загрозуваат работни места, тој е само во помошна функција на поштарите.