1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Директно од канта

ЕМФ
29 август 2017

Работата на поле предизвикува жед. Петелот од Лорберг, кај Франкфурт, се послужува директно од канта.

https://p.dw.com/p/2iyWS
Deutschland BdT Schluck aus der Kanne
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Rumpenhorst

Летото е сѐ уште тука! Променливото време во летните месеци кај многумина во Германија не остави простор за надеж дека сѐ уште има шанси за многу сонце. Но, последната недела од август, особено на југот од земјата, е навистина сончева, со температури околу 30-от сепен. Се препорачува пиење течности, повторуваат лекарите. Тоа особено важи за оние кои се цел ден изложени на сонце, како работниците по полињата. Советот очигледно го слуша и јунакот на нашата #ФотографијаНаДенот. Петелот во Лорберг, кај Франкфурт, се послужува директно од канта.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема