Фотографија на денот: Детски велигденски желби
23 март 2018Реклама
Познато е дека Дедо Мраз им носи подароци на децата, но тие имаат и уште една дополнителна можност за исполнување на своите желби - од велигденскиот зајак. Во германското село Остерајштет во покраината Долна Саксонија, веќе 36 години постои поштенска служба, каде се собираат испратените писма од деца од цел свет до Хани Хазе, а во неа работат десетина доброволци-поштари. Лани тие одговориле на 31.000 детски писма. На #ФотографијаНаДенот: поштенска марка и печат од Велигденското биро на еден плик.