1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во шарени костуми во длабок снег

СН/ агенции
8 јануари 2019

Поради снежното невреме во делови во Баварија е прогласена состојба на катастрофа. Обилните снежни врнежи предизвикаа хаос но тоа не спречи многу деца да му се израдуваат на снегот и да ги испочитуваат традициите.

https://p.dw.com/p/3BAdN
BdT Deutschland  Sternsinger in Bayern
Фотографија: picture alliance/dpa/K.-J. Hildenbrand

Sternsinger или „Ѕвездени пејачи“ е католичка традиција слична, може да се каже слична на коледарската, во која момчиња костумирани како Трите Свети крала од Божик па сѐ до 6 јануари пејат од дом до дом и собираат пари за добротворни цели. И можете да претпоставитеколку на децата им е омилена оваа традиција. Впрочем оваа  #ФотографијаНаДенот направена во баварското место Ленгенванг е доказ за тоа. Во шарени костуми овие три „штернсингери“ цел ден му пркосеа на длабокиот снег и ветерот...