Фотографија на денот: Видра - сликар
3 јануари 2018Реклама
Во Зоолошката градина во Гелзенкирхен, покраината Северна Рајна Вестфалија, мала видра се обидува да гради сликарска кариера. На #ФотографијаНаДенот со своите шепи таа ги размачкува боите на платното и така настанува апстрактно видра-сликарско дело, на радост на посетителите, посебно децата. Зоолошката градина во Гелзенкирхен во сезоната 2008/09, како и во сезоната 2012/13 година ја доби наградата Паркскаут како најдобра во Германија.