1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полицијата бара засилување за протестите против Г20

БГ
7 јули 2017

Полицијата во германскиот град Хамбург соопшти дека побарала поддршка од други делови на земјата поради драматичната ескалација на протестите за време на одржувањето на самитот на Г20.

https://p.dw.com/p/2g8eG
Deutschland G20 Proteste in Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Иако во Хамбург беа распоредени речиси 20 илјади полицајци за време на одржувањето на самитот на групата 20 најразвиени земји во светот, тоа нема да биде доволно, велат од германската полиција. Откако вчера дојде до жестоки судири со околу 12 илјади демонстранти во повеќе населби во градот, утрово состојбата ескалира. Демонстрантите блокираа повеќе улици, запалени се десетици автомобили и направена е голема материјална штета. Од вчера до денеска повредени се повеќе од 120 полицајци. Поради тоа, полицијата во Хамбург побара засилување од други делови во земјата. 
Против самитот на Г20 протестираат околу 100 илјади луѓе. Полицијата вели дека идентификувала најмалку 8.000 демонстранти кои се подготвени на насилство. Голем дел од нив се радикални левичари. Од безбедносни причини, утрово беше откажана билатералната средба на шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. И германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле мораше да откаже настап од истите причини. Повеќе медиуми јавуваат дека првата дама на САД, Меланија Трамп не можела да излезе од својата резиденција поради загрозена безбедност.