1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова студија: ги убиваме ли нашите пчели?

СН/ дв
30 јуни 2017

Тие се омилени и многу ефикасни инсектициди. Но неоникотиноидите не ги убиваат само паразитите, туку ги загрозуваат и пчелите и бумбарите. Ним овие средства сериозно им наштетуваат.

https://p.dw.com/p/2fhhN
Biene vor Sonnenblume
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul

Неоникотиноидите се  најкупуваните инсектициди во светот бидејќи особено ефикасно помагаат во справувањето со штетните инсекти. Тие ги заштитуваат насадите, корисните растенија- значи зеленчукот, житото, овошјето итн.

Но исто толку се и спорни, бидејќи неоникотиноидите имаат една голема маана: тие многу им наштетуваат и на пчелите, велат научниците.

Најновата студија спроведена од научници од Германија, Велика Британија и Унгарија покажува дека повисоки концентрации од овие инсектициди делуваат дури и смртоносно за медоносните пчели, дивите пчели и бумбарите. Веќе и најмали дози пак делуваат врз меморијата на пчелите и тие се однесуваат дезориентирано. Долготрајното постепено изумирање на пчелите ширум светот веќе долго време преставува вистинска мистерија за научниот свет. Дали оваа најнова студија нуди одговор? Повеќе во следново видео:

Инсектициди ги убиваат пчелите