Музика
„На Струга дуќан да имам“ испеана од германски хор
15 март 2018Реклама
Хорот неколку месеци ја вежбал изведбата на македонската народна песна. За Дојче Веле оттаму велат дека првичната идеја била песната да се изведба со ритмичка поддршка од тапан, но на крајот се откажале од тој план. Македонскиот седум-осмински ритам сепак на крајот се покажал како преголема пречка. Тоа сепак не одзема ништо од квалитетот на нивната изведба.
Погледнете како тоа звучи во видеото: