1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кукан: парламентот да го изгласа Преспанскиот договор

8 октомври 2018

Словачкиот европратеник и известувач во сенка на Европскиот парламент за Македонија, Едуард Кукан за ДВ вели дека владата има легитимно право да продолжи со спроведување на договорот во парламентот

https://p.dw.com/p/369PE
Uganda Wahlen Eduard Kukan EU Wahlbeobachter Kampala
Фотографија: Reuters/J. Akena

Малото учество на референдумот не е кочница за владата да продолжи со спроведување на Преспанскиот договор преку парламентот, вели за Дојче Веле, словачкиот европратеник Едуард Кукан.
„Сите го нагласуваат историското значење на овој референдум за иднината на БЈРМ. Мислам дека и покрај малото учество на референдумот, владата треба да продолжи и да се обиде да го одобри договорот преку промена на Уставот. Мислам дека тоа е легален процес затоа што референдумот имаше консултативен карактер и тие треба да се обидат во парламентот и доколку има квалификувано мнозинство мислам дека тоа ќе ги исполни сите законски обврски за одобрување на овој план. Значи следниот чекор е парламентот“, вели Кукан. 
Целата изјава на Кукан во видеото:

Кукан: следниот чекор е парламентот

Тој ги коментираше и бројните посети на странски државници во пресрет на референдумот и се согласува со тезата дека можеби тие имаа и контра-ефект врз македонското гласачко тело.
„Тие посети го претставуваа интересот на Европејците и на трансатлантската заедница кои сакаа да и дадат шанса на земјата да тргне напред кон овие структури кон кои се стреми долги години“, вели Кукан.
„Но, од мое лично политичко искуство сите овие добри намери на сите гости: канцеларката Меркел, Столтенберг, сите тие... Знаете луѓето не сакаат да им биде кажано што да прават. И има случаи во историјата каде се случуваше преголемите напори да се покажат контрапродуктивни и мислам дека до одреден степен тоа беше случај и во БЈРМ“.

„За жал. Бидејќи сите мислеа добро. Тоа беше голема шанса за земјата, но можеби психологијата на гласачите во БЈРМ не беше земена во предвид“, заклучува словачкиот европратеник од редовите на демохристијаните и известувач во сенка на Европскиот парламент за Македонија.
Кукан ја посети Македонија кон средината на септември и тогаш ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот