1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бегалци во „непријателска земја“: Турци во егзил во Солун

7 јули 2018

На училиште учеле дека Грците се „непријатели“. Сега многу Турци во егзил си најдоа засолниште во Солун. Флоријан Шмиц се сретна со неколкумина.

https://p.dw.com/p/2zmEI
Griechenland türkisches Leben in Thessaloniki | Tee mit Sicht auf weißen Turm
Фотографија: DW/F. Schmitz

На масата во малото еднособно станче во Солун има баклава и јаткасти плодови. Надвор е врнежливо. Тројца пријатели Турци пијат црн чај и си зборуваат за иднината. Всушност исто е како дома, вели 29-годишниот даночен советник од Измир. „Културите ни се многу слични", смета и 42-годишниот професор по англиски јазик од источно-анадолскиот град Дијарбакир, кој седи спроти него. „Имаме иста кујна и слични манири. И ако не ми текне некој збор на грчки, тогаш едноставно го кажувам на турски и ставам едно 'и' на крајот и најчесто функционира."

Тој дошол во Солун пред две години. По неуспешниот обид за државен удар во Турција на 16 јули 2016 година, тој беше еден од првите жртви на антитерористичките мерки кои ги презеде владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Предавав англиски јазик на еден државен универзитет и бев член на синдикат. Сите ја загубивме работата." Оттогаш тој и неговите пријатели се ставени на една листа. Тие се сметаат за поврзани со движењето на Ѓулен и за Ердоган се само едно нешто – терористи. Многу од членовите на нивните семејства без валидна пресуда се во турски затвор. Токму и поради тоа, овие тројца сакаа да остаат анонимни.

Повеќе:

-Солун - омилена дестинација за критичарите на Ердоган

-Грција и Турција: кавги наместо помирување

-Атинската пресуда за турските војници со експлозивна сила

Малку Турци гласаат во Грција

Колку Турци живеат во моментов во Грција е тешко да се каже. Многу од нив не се официјално регистрирани и престојуваат тајно. Турски државјани кои живеат на границата со Грција беа повикани да гласаат на предвремените избори на 24 јуни. На референдумот во 2017 година, од 10.556 Турци со право на глас во Грција гласаа само 797. Пред конзулатот во Солун, вообичаено се „точкаат“ туристи од соседната земја.

Griechenland türkisches Leben in Thessaloniki | Seltenheit: zweisprachiges Schild
Фотографија: DW/F. Schmitz

„Ако се појавам во конзулатот веднаш ќе бидам уапсен", вели професорот по англиски јазик. Тој не може ни да гласа, бидејќи неговиот пасош е прогласен за неважечи. Многу Турци во Грција не гласаат бидејќи порадо сакаат да седат во тајност вели тој. „Насекаде има луѓе од тајните служби кои нѐ бараат. Токму затоа и во јавност не зборуваме турски." Од грчките власти има добар третман.

Тензии меѓу Грција и Турција

Грција и Турција се во долгогодишен спор. Во мај, судот им одобри азил на осум турски војници, кои по обидот за пуч со хеликоптер пребегаа во Грција. Во Туција овие војници не може да се надеваат на фер судски процес, гласи објаснувањето за одлуката која е уште еден тест за релацијата меѓу Атина и Анкара.

Но не само поради тоа многу Турци во егзил доаѓаат во Солун. Турскиот новинар Рагип Дуран веќе две години живее во градот. Тоа се должи на општата клима и заедничката историја. „Солун бил втор град по големина во Османлиското царство. Постои колективна меморија за тоа и притоа географски е многу блиску." Пред сѐ последниот аспект се чини е причината поради која Турците што бараат азил доаѓаат во Солун. Еден 35-годишен инженер е третиот од групата пријатели со професорот по англиски и даночиот советник. Ако му се укаже прилика тој радо би заминал за Канада или Јужна Африка, иако му е добро и во Грција. 

Движењето на Ѓулен поделено

Францускиот весник „Либерасион“ цитира една преведувачка од турски во Солун вели дека грчкото биро за азил од јануари интервјуира едвај едно до две семејства на ден – и сите се членови на движењето на Ѓулен, кое се претставува како отворено и подготвено на дијалог. Главно значење му се дава на образованието и размената, вели професорот по англиски јазик. Институциите блиски до Ѓулен даваат стипендии, а некогаш им испраќаат и пари за да ги поддржат Турците членови на движењето кои се во егзил. Тој исто така не верува ни дека Ѓулен стои зад обидот за пуч. „Тој не би поддржал такво нешто. Тој сака добри односи со владата. Веројатно има поединци во движењето кои го поддржуваат пучот, но ништо повеќе од тоа."

Griechenland türkisches Leben in Thessaloniki | türkisches Konsulat
Фотографија: DW/F. Schmitz

Рагип Дуран, напротив, гледа критички кон движењето на Ѓулен: „Ѓулен нанадвор се прикажува како отворен кон исламот, но тоа не е вистина. И тука станува збор за национализам, за едно политичко, а не социјално – културно движење. Некои во Турција ги нарекуаат и 'Троцкисти' на исламот, бидејќи се од внатре инфилтрирани во системот, пред сѐ во администрацијата, медиумите и образовните институции." Токму затоа и Ердоган тргна против следбениците на Ѓулен. Турскиот претседател негира поранешна тесна поврзаност со Фетула Ѓулен.