Џонстон во Приштина
4 септември 2007Реклама
Известителот на Советот за Европа на Косово, Лордот Расел Џонстон очекува дека статусот на покраината ќе биде решен за брзо време. По состанокот со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во Приштина, Џонстон изјави дека е изненаден од руските ставови во врска со Косово, како и дека очекува решението да се најде до декември. “Продолжение на нејаснотијата му штети на стопанството и создава политички тензии”, изјави Џонстон. Тој ја поддржува идејата за независно Косово под меѓународен надзор.