Ќе се намали бројот евро-пратеници
11 октомври 2007Реклама
Европскит парламент со големо мнозинство се согласи за намалување на бројот пратеници. Од следните евро-избори во 2009 година, во него ќе седат 750, место сегашните 785 претставници на земјите членки на Унијата. 17 држави, меѓу нив и Германија, ќе загубат дел од сегашните мандати. Против реформата беа пред се Полска и Италија. Нејзиниот премиер Романо Проди сепак најави дека на самитот на Унијата во наредната недела во Лисабон, нема да ја блокира реформата.