1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе падне ли Волфовиц?

C.Bergmann11 мај 2007

Дали ќе заврши кариерата на шефот на Светска банка Пол Волфовиц? Неговата судбина сега е во рацете на 24-члениот директориум кој во наредниот вторник ќе го разгледа извештајот на истражната комисија и ќе решава за неговата судбина. Комисијата, имено ги потврди обвинувањата дека Волфовиц и помогнал на неговата животна сопатничка да добие поголема плата во американското министерство за надворешни работи на

https://p.dw.com/p/AeIY
Идеологот на војната во Ирак и „борец„ против корупцијата Пол Волфовиц
Идеологот на војната во Ирак и „борец„ против корупцијата Пол ВолфовицФотографија: picture-alliance/dpa

сметка на банката.

Истражната комисија му поднесе извештај на Волфовиц барајќи од него објаснувања што треба да ги достави до денеска 11 мај. Потоа за извештајот ќе расправа егзекутивниот директориум и ќе решава за судбината на сегашниот прв човек на Светската банка. Според извештаите на медиумите, на Волфовиц му се префрла дека ги прекршил правилата на оваа институција. Се вели дека етичкиот совет однапред знаел се’, но не и сумата за покачувањето на платата на неговата животна сопатничка Саха Али Раза, поранешна соработничка во Светската банка, а сега во американското министерство за надворешни работи. Станува збор за износ од 60 илјади долари со можност за натамошно покачување.

Европскиот парламент, во меѓувреме, побара негова оставка зашто само така можат да се избегнат штетите за институцијата која токму под Волфовиц како прва задача си ја постави битката против корупцијата во земјите на кои им помага Светската банка. Традиционално САД го предлагаат претседателот на Светската банка и нивната поддршка е решавачка за судбината на Волфовиц. Претседателот Џорџ Буш на прес-конференцијата по самитот ЕУ-САД во минатиот викенд изјави:

„Според мене, тој треба да остане, но и да добие можност за фер сослушување„.

Портпаролот на Белата куќа, Тони Сноу во вторникот потврди дека претседателот му дава поддршка на Волфовиц. Но, сега неговата судбина веќе не е во рацете на Буш, туку кај директориумот. Се смета за многу веројатно дека ќе падне. Веќе сега инаку, кај земјите донатори владее големо незадоволство: како да финансираат организација чиј шеф е обвинет за непотизам?