1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли воопшто примирје во Сирија?

АТ/ СН/ ртр/ дпа/ дапд9 април 2012

Сирискиот режим поставува услови за примирјето, кое треба да почне утре. Специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан го опомена режимот да се придржува до договореното примирје.

https://p.dw.com/p/14Zhk
Фотографија: Reuters

И онака малите надежи за престојното примирје во Сирија сега целосно пропаднаа. Непосредно пред почетокот на договорениот прекин на огнот, режимот на претседателот Башар ел Асад ги става под знак прашање, како договорот за примирје, така и временскиот план. Ако се тврди и за тоа во меѓународни рамки се известува, дека сириските трупи на 10 април ќе се повлечат од градовите и околината, тогаш владата во Дамаск е целосно погрешно сфатена. Портпарол на министерството за надворешни работи пренесе дека владата бара писмени гаранции од бунтовниците, во поинаков случај официјален Дамаск неможе да го прифати мировниот план.

Конкретно режимот на Асад бара: бунтовниците мораат да ги запрат нападите врз војската и да го предадат целото оружје. Владата сака да спречи, бунтовниците да се прегрупираат за време на примирјето. Освен ова Саудиска Арабија, Катар и Турција не смеат повеќе да им пружаат поддршка на бунтовниците. Тоа според Дамаск биле „вооружни терористички групи“, а не членови на демократско движење.

Расте бројот на бегалци

Syrien Fluchtlinge Roter Halbmond Grenze Türkei Syrien
Камп со сириски бегалци во ТурцијаФотографија: Reuters

Според некои агенциски информации сириската армија во изминатите денови, уште по жестоко реагирала против членовите на демократското движење. Борците за човекови права на интернет објавуваа видео снимки од наводни масовни убиства. На сликите, меѓу другото може да се видат 13 тела пред училиште во Хомс, очите и рацете на мажите им се заврзани, се’ укажува на убиство.

Поради медиумската блокада, информациите од Сирија тешко може да се проверат преку независни извори. И покрај тоа специјалниот пратеник за Сирија, Кофи Анан со шокираност реагираше на последните информации од Сирија. Во соопштение, кое ОН го објавија во негово име, Анан го опомена режимот на претседателот Башар ел Асад, да се придржува до ветувањата кои ги даде.

Во изминатите 13 месеци во борбите во Сирија загинале околу 9.000 луѓе. Изминатите денови многу Сиријци пребегаа во соседна Турција. Во тамошните бегалски кампови веќе има 24.000 сириски бегалци. Со оглед на бранот бегалци, турската влада размислува да побара помош од ОН. Доколку Сирија од утре не ги ги запре борбите врз борците за слобода, Турција го задржува правото да воведе мерки, премиерот Реџеп Таип Ердоган меѓутоа не наведе какви мерки би биле воведени.