Ќе биде ли исклучен реакторот Јонгбјон?
12 април 2007Реклама
Два дена пред истекот на рокот за исклучување на севернокорејскиот реактор Јонгбјон, САД и Јужна Кореа заеднички ја повикаа владата во Пјонгјанг да го одржи своето ветување дадено во договорот постигнат на 13 февруари во Пекинг. Барањето на Северна Кореја за ослободување на нејзините парични сретства заробени во банките во макао ќе биде исполнето – изјави главниот преговарач на САД за севернокорејската атомска програма Кристофер Хил . Според договорот постигнатна февруарските шестпартитни преговори во Пекинг , Северна Кореја треба да го затвори реакторот Јонгбјон оваа сабота.