Јушченко се залага за најширока можна коалиција
6 октомври 2007Реклама
По тесната победа на реформскиот политички камп во Украина на парламентарните избори одржани во неделата, претседателот Виктор Јушченко се заложи во идната влада да се вклучи и Партијата на Регионите на премиерот Виктор Јанукович, кој важи за про-руски настроен. Според Јушченко, само така може да се задржи стабилноста во владата и во украинскиот парламент. Инаку, според официјалните резултати, партијата на Јушченко на изборите освоила околу 14% гласови, а блокот Јулија Тимошенко 31% гласови. Заедно, двајцата партнери од протокаловата револуција имаат освоено еден процент гласови повеќе од останатите партии. Најмногу гласови поединечно освои партијата на регионите на премиерот Јанукович – 35%.