1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јусу Ндур одликуван со музичката награда на УНЕСКО за 2004 година

25 јуни 2004

Тој е еден од најпознатите африкански уметници во светот. Неговите компакт дискови можат да се најдат во секоја музичка продавница.

https://p.dw.com/p/AeVY

Наградата ја добива за неговиот голем социјален ангажман и придонесот за поголемо разбирање меѓу народите.

Песната “Севен секндс“ во 1994 година, која беше вистински хит, го направи Јусу Ндур славен. Веќе со 20 години , денес 44-годишниот уметник, беше многу познат во Африка. На запад со неговиот бенд постигна успех преку мешавината на традиционален ритам и поп узика. Јусу Ндур многу брзо стана познат ширум светот. Тој работеше со многу познати музичари, како Петер Габриел или Стинг.

Сега, Ндур е одликуван за неговите извонредни музички достигнувања и за неговиот социјален ангажман.

Тој , преку ОН, се залага за мир во светот и поголемо разбирање помеѓу народите, изјави денеска Изабела Пфајфер-Пенцген при соопштувањето на добитникот на наградата:

“Покрај одржувањето и негувањето на традиционалната музика на Сенегал, тој со неговата уметничка способност успеа оваа музика меѓународно да ја презентира. Со парите што ги заработи тој успешно спроведе многу проекти во Сенегал од социјалната област. Основа фондација, кој се грижи за социјални проекти и ги потикнува музиката музичките структури во својата земја. “

На неговот најново музичко цеде “Египт“може да се слушне еден нов музички стил, мешавина од сенегалски и египетски мелодии, звуци и ритми. Со неговите песни африканскиот уметник сака да придонесе за поголемо разбирање на исламот. Тој се спротивставува на злоупотребата на исламот преку религиозни фанатици.

Музичката награда на УНЕСКО за 2004 година на Јусу Ндур ќе му биде врачена во октомври во градот Ахен. Инаку, добитници на оваа награда изминативе години се Херберт фон Карајан, Оскар Петерсон и португалската пијанистка Марија Жо Пирес.