Јункер не исклучува банкрот на Грција
5 февруари 2012Жан-Клод Јункер, во разговор за магазинот „Шпигел“ чии делови се пренесени однапред, меѓу другото вели: „Ако констатираме дека во Грција се‘ оди како што не треба, тогаш нема да има ниту нова програма, а тоа ќе значи дека во март следува банкрот“. Можноста од банкрот, според Јункер, на Грците би требало да „им даде мускули онаму кадешто во моментов се‘ уште има грчеви“.
Шефот на евро-групата оценува дека зад зацртаните цели најмногу стои планиранта приватизација на државните претпријатија. „Грците мора да знаат дека во делот на приватизацијата нема да попуштиме“, нагласува премиерот на Луксембург, кој како штетен за имиџот на земјата го наведува фактот „дека во управата на сите нивоа има елементи на корупција“.
Автор: ЕМФ/ртр
Редактор: Ж. Ацеска