1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: Грција нема да ја напушти еврозоната Виена

СН/БГ/миа18 август 2012

Првиот човек на еврозоната Жан Клод Јункер смета дека евентуалниот излез на Атина од еврозоната би предизвикал огромни последици , но нема причини за такво сценарио.

https://p.dw.com/p/15sMi
Фотографија: Reuters

Премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер изјави дека Грција нема да ја напушти еврозоната, нагласувајќи оти евентуалното излегување од заедничката монетарна унија ќе доведе до непредвидливи ризици.
„ Тоа нема да се случи, освен во случај Грција да ги наруши сите услови и да не ги почитува спогодбите“, рече Јункер во интервју за австрискиот весник „Тиролер тагесцајтунг“.
Според Јункер Грција двојно ќе ги зголеми напорите за да ги постигне целите, поради што нема да има причина за применување н сценариото за излегување.
Тој додаде дека евентуалното излегување ќе биде „технички можно, но не и политички остварливо“